Морнарицата на Украина и на САД почнуваат заеднички воени вежби во кои учествуваат околу 280 американски маринци.
Во маневрите ќе учествуваат и претставници од пет држави – Грузија, Романија и Турција како и единица за специјални операции на НАТО во која ќе бидат канадски, шпански и романски бродови.
Во тек се седумдневни воени вежби на НАТО во Летонија кои почнаа на 2 септември. Во нив учествуваат околу 2.000 војници од девет држави и ќе траат до понеделник.