Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Центар: Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено – и за убави маалски дружби

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2026 19:22

Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, на 29 април (среда) пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо со почеток во 19 часот на скверот „За убави маалски дружби“, пред платото на Општина Центар.

Концертот носи внимателно селектирана програма составена од дела на минималистички и современи, исклучително значајни автори меѓу кои Лудовико Еинауди, Рјуичи Сакамото, Давид Федел, Ханиа Рани, … Преку суптилна експресија, повторливи структури и длабока емотивност, оваа музика нуди поинакво доживување – простор за внатрешен мир, фокус и поврзување со моментот.

Настанот има за цел да ја доближи современата класична музика до пошироката публика и да создаде интимна атмосфера во урбан простор, каде уметноста станува дел од секојдневието.

Дуња Иванова е родена во Скопје, магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2010), а магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како солист и камерен музичар настапува на значајни сцени и фестивали во земјата и странство, вклучувајќи ги Скопско лето, Охридско лето и Денови на Македонската музика, како и во градови како Њујорк, Париз и Виена. Нејзиниот уметнички фокус е насочен кон минималистичката и современата музика, со рецитали посветени на автори како Филип Глас, Арво Перт, Лудовико Еинауди, Макс Рихтер, Рјуичи Сакамото, Мајкл Најман, Ханиа Рани…

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје. Автор е на книги и научни трудови од областа на музичката естетика.

 

Дуња Иванова концрт Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.