Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Долни Дисан откриени уникатни фосили од слон постар од мамутите

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 13:01

Фосилни остатоци од изумрен вид на слон, чија старост се проценува на околу осум милиони години, се пронајдени во близина на селото Долни Дисан, Неготинско, соопштија денеска од Природонаучниот музеј на Македонија и Министерството за култура.

Како што информираат оттаму, станува збор за уникатно палеонтолошко откритие, а во тек се активности за колекционирање и конзервирање на пронајдените фосилни остатоци.

Тие биле откриени при теренска работа во текот на минатата година, а ископувањето на фосилните остатоци почнало на 20 април, годинава. Во него учествуваат палеонтолошки екипи на Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија.

Според експертите, станува збор за фосилни остатоци од изумрен вид на слон (Choerolophodon pantelici), чија старост прелиминарно се проценува на околу осум милиони години.

„Фосилните остатоци беа откриени при заедничката теренска работа кај село Долни Дисан во 2017 година. Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење. Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки, затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови“, велат од Природонаучниот музеј на Македонија.

Со поддршка на Министерството за култура, преку програмата за музејска дејност, стручен тим од Природонаучниот музеј на Македонија раководен од м-р Биљана Гаревска, заедно со стручна помош од палеонтолози од Природонаучниот музеј од Софија предводени од д-р Николај Спасов, во наредните деновите ќе ги колекционираат ископаните остатоци.

„Се надеваме дека во блиска иднина фосилните коски ќе бидат конзервирани и претставени на македонската и меѓународната јавност, преку соодветно изложување во просториите на Музејот“, велат оттаму.

По својата старост (видот живеел пред 8 до 7 милиони години), овој вид слон е постар од мамутите (5 милиони – 4500 години). Населувал суви тревести живеалишта еквивалентни на денешните африкански савани. Живеел задно со предци на денешните жирафи, сабјести тигри, примати и други изумрени видови од периодот на миоцен.

изумрен вид палеонтологија Природонаучен музеј во Софија Природонаучен музеј на Македонија слон фосили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.