Полицијата денеска во Кавадарци при претрес во домот на поранешниот градоначалник Александар Панов пронашла повеќе од 1000 монети со археолошка вредност, од различни локалитети во Македонија.
Тој вели дека се работи за „модерна нумизматика и дека некој тенденциозно го пријавил од лични причини“.
„Се работи за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна и со тенденција да ми се наштети. Нема стари монети во мојата збирка. Ги собирам од дете, сигурно 40 години. Полицајци од Велес и Кавадарци извршија увид кај мене и родителите утринава. Неколку папки од новите монети се одземени и во полициска станица Кавадарци на вештачење. Коректни беа полицајците. Пријавата е, најверојатно, лична работа, а не политичка, изјави Панов за МИА.
Тој бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен.