НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во државава лесно влегуваат сомнителни производи-правата на потрошувачите на маргините

0
By Менче Атанасова Точи on May 31, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не  e постигнат напредок во делот на заштитата на потрошувачите и нивните права, а земјата се уште е умерено подготвена за оваа област, се вели во Извештајот на ЕК за напредокот на државата.  Се потенцира, дека „не е постигнат напредок во меѓусекторските активности кои се однесуваат на заштита на потрошувачите, така што и  усогласувањето со општата директива за безбедност на производите и колективно обештетување на потрошувачите согласно со препораките,  треба конечно да заврши“.

„Нема позитивен развој во системот на медијација, односно алтернативниот начин на решавање на споровите и тоа е многу скапо за потрошувачите“ се вели во ова поглавје на Извештајот.

Во забелешките на ЕК се нагласува дека нема дополнителни ресурси и кадровско екипирање во Министерството за економија, ниту државни грантови за заштита на потрошувачите. Тековните ресурси се ограничени и покриваат само советодавни услуги и такси на меѓународни организации на потрошувачи. Теренските активности се скромни и се само во  форма на брошури и едукативни материјали и тоа од страна на потрошувачките организации.

Се препорачува да се обезбедат современи комуникациски алатки, како и акција за зајакнување на надзор на пазарот на прашања поврзани со безбедноста на производите. Потребна е и веб-платформа каде што граѓаните ќе можат да ги најдат сите информации поврзани со заштита на потрошувачите.

Во Организацијата на потрошувачи објаснуваат дека ваквите забелешки се однесуваат на постоечката состојба,  во ситуација кога се уште не е донесен Законот за права на потрошувачите кој е влезен во процедура. Досегашниот закон е менуван десеттина пати, но и покрај тоа, не ги задоволуваше стандардите. Затоа се пристапи на изработка на нов кој во моментот е ставен на доработка пред да се најде кај пратениците во Собранието, велат во ОПМ.

Но,  имаат ли институциите механизам  за да можат да одговорат на потребите на потрошувачите и колку се подготвени за тоа. Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ за НОВА вели дека државата конечно го сфати сериозно овој проблем и дека веќе се зголемува бројот на институции кои се вклучени во заштитата на потрошувачите.

„Не беше добар претходниот Закон и затоа пристапивме кон нов кој го работеа компететни луѓе од повеќе области. Во исто време се оди кон институционално јакнење, како и кампањи за јакнење на јавната свест,  за што се разбира потребни се дополнителни средства“, вели Лончар Велкова.

Таа потенцира дека е многу важно да заживеат советувалиштата на ниво на држава за решавање на проблемите на потрошувачите,  да се работи на кодексот за добра пракса и соработка со фирмите што ќе помогне да се реализира сето тоа,  согласно со Законот за права на потрошувачите.

„Соработката со фирмите ќе помогне да се реализираат кодексите согласно Законот за заштита на правата на потрошувачите,  за што тие треба да имаат систем на евиденција, односно да водат статистика како што прават компаниите во земјите на ЕУ“, објаснува Лончар Велкова.

Македонија – земја каде лесно влегуваат сомнителни производи и фирми

Пред три дена фирмата Алма М која е увозник на мастиките за жвакање Орбит и Ервејс, предупреди дека во државата се пуштени во продажба мастики со сомнителен квалитет.

„Почитувани лојални потрошувачи на производите на Mars(Wrigley’s) сакаме да ве информираме дека во последните неколку месеци на пазарот се појавија неколку производи на Орбит и Ервејс мастики. Овие мастики не се дистрибуираат од наша страна и истите се со сомнителен квалитет и со пониска цена што укажува на тоа дека се работи за шверцувана и фалсификувана роба. За наведените артикли сакаме да ве известиме дека воопшто не се увезени од наша страна и покрај тоа што на пакувањето пишува ALMA-M“, пишува Алма М на својата Фејсбук страница.

Како овие производи се нашле на македонскиот пазар, од Агенцијата за храна не кажаа. Надлежните институции очигледно немаат механизам или начин како да се справат во ситуации кога во државата ќе се најдат производи со сомнителен квалитет. Како влегле во државата, што работата инспекторите на терен. Во Агенцијата за храна велат дека немаат добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија дека на македонскиот пазар се увезени небезбедни гуми за џвакање,  иако дистрибутерот, самата фирма Алма М предупредува дека тие не се увозници.

„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на увозните пратки со храна вклучително и на увозот на гуми за џвакање и досега не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми“ се вели во одговорот на АХВ.

Но, ова не е осамен случај. Скандалот со српско-руската компанија „Нефа-мебел“во кој се измамени 100 граѓани кои уплатиле за мебел, ја тресе државата. Македонските купувачи ја делат судбината со српските, кои револтирани од измамата насилно влегуваа во продавниците и сами си земаа мебел како надоместок. Фирмата се уште не е во стечај, но продавниците се затворени.

Досега се знае дека стотина луѓе што уплатиле, од кои 70 само во Скопје,  останале без својот мебел.  Во Државниот пазарен инспекторат само во мај пристигнале десеттина претставки, од кои седум  биле обесштетени, односно си го добиле мебелот. Но, како е возможно Државниот пазарен инспекторат да не знаел што се случува во оваа фирма. Дали воопшто биле правени контроли. Од ДПИ велат веќе имало една казна за „Нефа-мебел“, по направена контрола во еден од салоните. За друго, работеле само по основ на претставки.

Стојко Пауновски, директор на  Пазарниот инспекторат вели дека инспекторите направиле контрола во еден од салоните на „Нефа-мебел“ во декември минатата година кога било констатирано дека не воделе евиденција во трговската книга за влез и излез на производи.

„Имаше контрола од наша страна пред Нова година и поради неводење на евиденција во трговската книга за влез и излез на производи фирмата е казнета, односно се дадени на суд“ вели Пауновски за НОВА.

Тој вели дека до пред да избие скандалот немало пријави од граѓани за оваа фирма и затоа не можеле да реагираат. Но, чудно е што примамливо ниските цени на производите за ниту една институција не биле доволен индикатор, дека нешто сомнително се случува.

„Се работи за 43 000 евра, сума за која се оштетени граѓаните. На некои од нив не им е истечен рокот на испорака  и сега поднесуваат претставки иако продавниците се затворени “, вели Пауновски.

По оваа голема измама во нашата држава, во која и рускиот сопственик избега од Србија и  остави 500 вработени на улица, кај нас се активираа и другите институции, како Основното јавно обвинителство и Финансовата полиција. Но, дали доколку постоел механизам за заштита на потрошувачите и строга контрола на фирмите кои започнуваат бизнис и се регистрираат во државата, ќе се случело вакво нешто.

Познавачите на проблематиката велат дека и УЈП и Централниот регистар  можеле да бидат првата бариера и да извршат проверка на податоците на фирмата. Особено, УЈП поради огромните разлики на цените со понудите на пазарот.

Од Управата јавни приходи со одговор дека е даночна тајна дали досега  извршиле  некакви контроли во НЕФА Мебел, дали испитувале од каде доаѓа мебелот и зошто е толку евтин, со толку примамливи цени за потрошувачите. Дали плаќале персонален данок или ДДВ, исплаќани ли им се плати на вработените.

„По однос на Вашите прашања, Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка.

Во однос на Вашето прашање коешто се однесува на утврдување на надлежноста на УЈП за случаи опишани во медиумите во врска со даночниот обврзник Нефа мебел, Ве известуваме дека Управата за јавни приходи е орган на извршната власт чијашто примарна надлежност е утврдување, контрола и наплата на даноци и во конкретниот случај УЈП има надлежност да преземе мерки за наплата на евентуалните доспеани даночни обврски од даночниот обврзник“, се вели во одговорот од УЈП.

Ниту Централниот регистар не е во можност да ги открива фирмите кои се регистрираат, ако имаат соодветна документација. Во случајот со „Нефа –мебел, кој го земавме за пример како актуелен во моментот,  велат дека  пријавите за упис на основање и промени се поднесени согласно Закон и по утврдената исполнетост на условите за упис и се донесени решенија за упис.

Но, ЦР не ја испитува законитоста и вистинитоста на содржината на прилозите што се поднесуваат при упис, законитоста на постапката во која тие се донесени ниту испитува дали податоците што се запишуваат во регистрите се вистинити и во согласност со законот.

„За нивната вистинитост и законитост одговара лицето односно лицата кои се определени со закон. Во член 23 од Законот за Централен регистар е наведено дека за точноста на внесените податоци во ЦР одговара оној кој ги внесува податоците според општите правила на граѓанското право“, се вели во одговорот на Централен регистар.

Образложението е дека согласно член 39 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, Централен регистар по приемот на пријавата за упис проверува дали е надлежен орган за постапување, дали се исполнети условите за упис, дали потписникот на пријавата е овластено лице за поднесување, дали пријавата за упис ги содржи сите податоци и дали во неа ги има сите прилози утврдени со закон. ЦР ги проверува податоците внесени во пријавата и нивната идентичност со прилозите, проверува дали под иста фирма, односно назив или име е регистриран друг субјект и дали кон пријават е приложен доказ за уплатен надоместок.

Во ваква ситуација, се останува на жалбите на потрошувачите и Организацијата на потрошувачи . Дополнително, по констатиран криминал или сомнително работење се вклучуваат и органите на прогонот.

Познавачите на проблематиката велат дека се додека не се воспостави меѓуресорски систем и поголема контрола на сите институции, вакви и слични случаи, постојано ќе има. Дотогаш и усогласувањето со правата и обврските согласно препораките на ЕК  за безбедност на производите,  останува нецелосно. На тоа впрочем и укажува Извештајот на ЕК за напредокот на РС Македонија, во Поглавјето 28.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.