Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во духот на Светосавието – да се живее во мир, љубов и слога, одбележан националниот празник на Србите во земјава

0
By Mirjana on January 28, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со пораки за јакнење на добрососедството и проширување и продлабочување на меѓудржавните односи и релациите меѓу двата народа, со благодарност за чествувањето на националниот празник на Република Србија односно на српската заедница во земјава, финишира вчерашниот Ден на Свети Сава за време на Светосавската свечена академија која по 15 пат се одржа во земјава.

На Светосавската академија присуствуваа српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, амбасадорите на Србија и на БиХ во земјава Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ , почесниот конзул на Србија во Северна Македонија Владимир Стајиќ.

Дел од присутните гости беа и претставници на државниот врв, лидери на политички партии, а свое обраќање имаше и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

– Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века по неговата смрт. Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Северна Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја. Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Северна Македонија, истакна меѓу другото Ковачевски.

Шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ кој на свеченоста беше во својство на специјален претставник на претседателот на Србија , истакна дека светосавието , помеѓу се останато, е сето она што не поврзува со другите народи , со соседите , без разлика на верата или нацијата на која и припаѓаат.

Никола Селаковић у Скопљу

– Во светосавието е собрана нашата желба да живееме заедно во мир и во љубов и во братство со другите. Има ли поубаво место да се испрати оваа порака отколку овде во Скопје? Има ли поцврст и поверодостоен начин на некој да му се обврзете на љубов и пријателство од светосавскиот печат?  Уверен сум дека нема”, истакна Селаковиќ.

Според  неговите зборови, во морална и духовна смисла Свети Сава е недостижен пример за обичните луѓе, но е компас и светилник на васколикото  српство, а сите завети на српскиот род, биле оние видовденско-косовски или орашачки, само  борбата или за одбрана или за обнова била со светосавски завет.

– Се што српскиот народ има денеска на одреден начин има основа во светосавието. Нашата државност има корени во политичкото и дипломатското значење на Свети Сава. Нашата духовност почнува од Свети Сава. Нашата национална самосвест се движи во духовните пространства кои ги втемели Свети Сава”, објасни Селаковиќ.

Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска, во име на граѓаните на Република Српска и во свое име упати топли братски поздрави и благодарност на поддршката, разбирањето, и, како што рече, добрата соработка.

– Србите во Северна Македонија се автохтон народ присутен со векови, со богато културно и историско наследство. Средновековната, но, и современата историја на нашиот народ е непоимлива без Скопје, Куманово, Битола, Кајмакчалан, за што сведочат бројните споменици, преубавите цркви, манастири и вие, тука присутни, кои гордо го славите името на Свети Сава и својот национален празник, рече таа.

Таа додаде дека е уверена оти токму српската заедница во оваа земја може да биде онаа која што дополнително ќе ги поврзе институциите, уметниците, академската заедница, спортистите и многу други.

Активностите на делегациите од Република Србија и од Република Српска вклучија средба со претседателот Пендаровски а претседателката Цвијановиќ му беше гостринка и на градоначалникот на Куманово , Максим Димитриевски. 

Од широкиот опус на она што претставува Свети Сава, би издвоиле неколку факти. Тој е основач на првата српска црква, позната како Пеќка патријаршија. Во 1 219 година успеал да издејствува од византискиот цар и од вселенскиот патријарх независност на Српската православна црква, а тој бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв српски архиепископ. Подоцна, заедно со својот татко, Свети Сава го подигнал манастирот Хиландар, како и многу други духовни светилишта цркви и манастири и училишта во денешна Србија.

(М.Т.)

Одбележан ПО 15 ПАТ ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА Светосавска академија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.