Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ЕУ преговарачкиот процес, 1.000 лица ќе треба да засукаат ракави

0
By Светлана Јовановска on August 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 1, 2018 14:30

Преговорите за членство на Македонија во ЕУ ќе биде “најголемата административно-политичка операција” во историјата на Македонија која ќе трае повеќе години а нејзина основна функција е да ја трансформира земјата во европско општество во кое ќе владе правото. Во овој процес има место и за опозицијата, соопштија денес министерот за европски прашања Бујар Османи и советникот за европски прашања во Владата Бојан Маричиќ.

Османи ја доби задачата да застане на чело на целиот преговарачки процес и да биде политички преговарач а Маричиќ ќе биде задолжен да го води техничкиот дел на овој долг и комплексен процес.

– Пред нас претстои најважен процес во нашата понова историја, процес пред кој не смееме да пропуштиме да изградиме наднационален консензус, кој е толку важен што не може да и се остави само на Владата. Во него треба да се вклучат претставници на сите институции, општествени фактори, академската заедница, граѓанскиот сектор, но сакам да ја повикам да се вклучи и опозицијата, која и досега се има вградено во овој процес и која секако е очекувано да се приклучи, изјави Османи.

Двајцата преговарачи го објаснија начинот на кој се организираат клучните тела што ќе го водат процесот.

Тоа ќе биде пред се Координативното тело на Владата коешто ќе ги утврдува преговарачкит позиции а во него ќе учестуваат премиерот, неговите заменици, шефот на дипломатијата, министрите за финансии, правда, економија, правда или информатичко општество.

Потоа ќе има Државна делегација за преговори. Таа ќе ги води преговорите во сите поглавија а неа ќе ја води Османи заедно со шефот на дипломатијата Димитров и постојаната претставничка на Македонија при ЕУ Агнеза Руси.

Третото тело е Преговарачка група на техничко ниво што ќе ја води Маричиќ, техничкиот преговарач и во неа ќе има 15 лица а секој од нив ќе ја следи или координира работата на една или повеќе рабти групи кои ги покриваат поглавјата на Унијата. Тие ќе доаѓаат од повеќе министерства кои работат во области покриени со поглавијата.

Конечно, ќе се формираат 35 Работни групи според бројот на сите 35 поглавија а во нив ракави ќе мораат да засукаат луѓе од администрацијата, од академската заедница или од граѓанскиот сектор за ефикасен процес на преговори. Дел од овие работни групи ќе се формираат на почетокт на септември а другите до крај на октомври.

Накусо, пред Македонија стои “тежок и макотрпен процес во кој ќе се носат тешки политички одлуки”. Според Маричиќ, ќе треба многу пожртвувана работа но “вреди да се жртвуваш во процес што ќе ја однесе Македонија во ЕУ и што ќе ја донесе ЕУ во Македонија и сите ќе мораат да се вградат во овој процес како на пример Собранието или бизнис заедницата”.

Владините претставници прецизираа дека се уште не се знае по име и презиме кој ќе учествува во тие работни групи но ќе се знае до октомври кога сите групи ќе бидат комплетирани.

На крајот, стана збор и за финансиката цена на оваа операција. Според Османи, таа ќе биде “скапа” и “се прават анализи со министерството за финансии кое ќе треба да се прилагоди на оваа нова ситуација”.

Осамани даде и пример:

– На почетокот на скрининг процесот во септември, 40 луѓе треба да заминат на неколку дена во Брисел. Тоа треба да се покрие а такви фази ќе има многу, рече тој и додаде дека Владата ќе го финансира процесот бидејќи се работи за “најважната стратешка цел на државата”.

Но помош ќе дојде и од ЕУ:

– Има европска помош за овој процес, ИПА средствата ќе се зголемуваат во периодот што претстои и нашиот буџет не е доволен да ја покрие оваа интензивна активност. Но се уште нема точна пресметка колку тоа ќе чини, рече Османи.

Османи инсистираше на тоа дека во сето ова ќе има место и за опозицијата која “ќе биде повикана да се вклучи во секој чекор од овој процес”:

– Ова не е обврска само на Владата, ова е процес генерациски, ние само ја пренесуваме штафетата од една до друга влада. Ова е обврска на сите.

Во овој процес, со текот на времето, ќе има мораат да се вклучат можеби и 1000 лица:

-Капацитет има, ние сме кандидати од 2005 година и тогаш беа креирани структури во оваа насока но ова не е доволно и треба зајакнување. Станува збор за повеќе стотици луѓе и можеби илјада затоа што тоа бара масовна мобилизација на институциите, прецизираше Маричиќ.

За повеќе детали погледнете го видеото од прес конференцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.