Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Европскиот парламент со голема поддршка за С. Македонија и осуда на Франција

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2019 00:35

Северна Македонија вчеравечер доби речиси неподелена поддршка од најголемите политички групации во Европскиот парламент за почеток на преговорите со ЕУ. Повеќе пратеници остро го критикуваа ветото на Франција на самитот на ЕУ минатата недела и побараа итна промена на одлуката, објави Дојче веле.

Францускиот претседател Емануел Макрон сепак имаше и сојузници во Европскиот парламент кои ја поддржаа неговата одлука, иако веројатно ќе биде загрижен што таа доаѓаше единствено од неколку француски пратеници, како и од радикалната десница и популистичките партии како германската АфД и италијанската Северна Лига.

Финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, рече дека е длабоко разочарана што минатата недела не беше постигната согласност во Европскиот совет.

„Ова е назадување за улогата на ЕУ на Западниот Балкан и за проширувањето како стратешка инвестиција во мирот и стабилноста“, рече Тупураинен. Таа потенцираше дека сега се потребни повеќе напори, но „нема да запреме”.

„Подготвени сме повторно да се вратиме на прашањето. Многу е важно двете земји да продолжат со реформи, затоа што истото ги очекуваат и граѓаните“, рече финската министерка. Таа, како и повеќе други говорници, во повеќе наврати го споменаа Преспанскиот договор како историско постигнување и изразија признание на владата во Скопје.

Комесарот за проширување Јоханес Хан ја повтори критиката дека лидерите на ЕУ не успеале да си го исполнат ветување.

„Да не заборавиме дека постои едногласно мислење дека на Западниот Балкан му треба повеќе храброст за чекор како Преспанскиот договор. Каде е нашата посветеност и поддршка за оние кои преземаат храбри чекори. Членките на ЕУ сега треба да разјаснат колку е сериозна нивната намера кон овие земји“, рече Хан. Тој најави дека Европската комисија ќе продолжи да ги поддржува Северна Македонија и Албанија „на сите начини“ и изрази надеж дека пред самитот во Загреб ќе има позитивен исход.

„Не си играјте со Северна Македонија и Албанија. Импресивни реформи беа постигнати во двете земји, во владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Преспанскиот договор беше извонредно постигнување за надминување на проблемите од минатото, и истото важи за договорот на Северна Македонија и Бугарија. Граѓаните се длабоко разочарани, но не смеат да се откажат од надежта“, порача Хан.

Самитот во Загреб е предоцна

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија, ја осуди одлуката на Европскиот совет. „Тоа испраќа ужасен геополитички сигнал кој е спротивен на интересите на ЕУ. Не можеме да чекаме до самитот во Загреб, мораме веднаш да реагираме“, порача Ковачев, но и се пожали на бавната имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. И грчката европратеничка Марија Спираки од владејачката Нова демократија изрази поддршка за европската перспектива на двете земји, потенцирајќи го Преспанскиот договор како позитивен пример.

И социјалдемократката Кати Пири зборуваше за големото значење на Преспанскиот договор, наведувајќи го како пример за голема политичка храброст.

„Но, токму таа храброст ја немаа европските лидери, поточно Макрон- не покажа лидерство и политичка храброст. Овој неуспех го нарушува имиџот на ЕУ на Западниот Балкан“, рече Пири додавајќи дека одлука на самитот во Загреб ќе биде „премалку и предоцна“.

Европратеникот на Зелените Рајнхард Бутикофер оцени дека одлуката е кусогледа и му понуди излезно решение на францускиот претседател.

„Господине Макрон вие сте изолирани, но Европскиот парламент сака да изгради мост кон вас. Треба да знаете дека ќе помогнеме во реформата на преговарачкиот процес, но ве молам исправете ја грешката која ја направивте да ги оставите Северна Македонија и Албанија надвор, додека се реформираме внатре“, рече Бутикофер.

Во ЕУ „нема место за муслимани“!

Поддршка на ветото на францускиот претседател му дадоа неговите сонародници, Жордан Барела, Доминик Билд и Стефан Сежурне од групацијата Обнова на Европа.

„Ние сме тука да ги штитиме интересите на Франција. Ние сакаме да ги заштитиме идентитетот и нашата демократија. Зошто сакате да внесете земја како Албанија, чии мафијашки организации се веќе во нашата земја“, праша Барела. Европратеничката Билд оцени дека во Албанија „живеат многу муслимански екстремисти“, и критикуваше дека во Северна Македонија „немало ни доволна излезност на референдумот за Преспанскиот договор“. Пратеникот од германската популистичка АфД, Ларс Патрик Берг исто така ја поддржа одлуката на Макрон предупредувајќи дека, според анкетите, најголемиот дел од граѓаните на Албанија и Северна Македонија сакаат да ги напуштат своите земји. Тој рече дека наместо европска перспектива на двете земји треба да им се даде„некаква прагматична помош и поддршка на долг рок.”

Ана Бонфриско од италијанската Северна Лига, предупреди дека „во БиХ, Албанија и Косово мнозинското население се муслимани, додека во Македонија нивната бројка изнесува речиси 30 проценти“. Според неа, на такви земји не им е местото во ЕУ и побара да им се понудат алтернативи.

За резолуцијата со која се искажува длабоко жалење поради блокадата на почетокот на преговорите со С. Македонија и Албанија на самитот на ЕУ и од новата Европска комисија се бара веднаш да се зафати со темата за проширувањето, пратениците во Европскиот парламент ќе гласаат денеска.

Видеото од целата дебата во ЕП на следниот линк 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.