Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Флорида прогласена природна катастрофа, Ирма слабее

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ураганот Ирма кој викендов ја погоди американската сојузна држава Флорида слабее и сега е со јачина на ураган од категорија 1 со ветрови со брзина од 85 до 135 километри на час. На Флорида е погласена состаојба на природна катастрофа, додека бројот на жртвите е засега три, а 6 милиони луѓе се евакуирани.

Центарот на ураганот го погоди копното јужно од градот Нејплс, а метеоролозите предупредија дека брановите би можеле да достигнат и до 4 метри. Ветровите на почетокот беа со јачина од 192 километри на час.

Сепак, тој и натаму е закана. Според податоците од Националниот центар за ураган, условите карактеристични за ураган и натаму продолжуваат во централниот дел на Флорида.

Ирма се приближува до градот Тампа, а главниот удар се очекува во следните некоку часа. Прво ударот се очекува во градот Лејкленд, источно од густо населениот Тампа беј. Засега брзината е од 22 километри на час.

-Движењето ќе биде кон север во следните 12 до 24 часа. Во центарот на ураганот бележиме обилни дождови најмногу во Флорида, а нешто помалку во Џорџија, Северна и Јужна Каролина. Очекуваме ураганот до утре да премине во тропска бура, а тој ионака полека слабее, изјави Ед Рапапорт од националниот центар за урагани.

Во налетот на Ирма досега загинаа три лица, објави Ен Би Си њуз. Речиси три ипол милиони домаќинства се без струја.

Американските научници предупредуваат дека до сега голем проблем претставува дождот и брановите на плима.

На Флорида се евакуирани 6.300.000 жители поради бранови опасни по живот.  Како последица на ураганот делови од Мајами се под вода, а во финансиската област таа изнесува 60 сантиметри.

Полицијата соопшти дека е зголемен бројот на кражби и грабежи.

На барање на гувернерот на Флорида Рик Скот, претседателот Доналд Трамп одобри да се прогласи состојба на природна катастрофа, односно дека жителите можат да се пријават за средства за привремено сместување и поправка на домовите.

– Ова се лоши вести, ова е некое големо чудовиште, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека Ирма ќе чини многу, но дека во моментов не се размислува за трошоците, туку за човечките животи.

Метеоролозите велат дека Флорида сепак не ја зафатило најлошото сценарио и дека материјлната штета е многу помала отколку што се очекувало.

Флорида во 1992 година помина низ многу посилен ураган кој направи штета од над 20 милијарди долари, поради што системот на градба е направен на тој начин да може да издржи уари на ветер и до 215 километри на час.

Во налетот на Ирама на карибите загинаа 28 луѓе. Пред Флорида ураганот ја зафати Куба, каде повеќе илјади странски туристи се евакуирани од брегот на карипските земји.

Извештаите покажуваат дека летувалиштата се разурнати, а патиштата кои ги поврзуваат со копното се пресечени на неколку места.

Ураганот првично речиси ги уништи Барбуда и Сент Мартин.

Ирма природна катастрофа Флорида
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.