Европа мора да го смени својот однос кон Балканот, Балканот не е проблем туку можност на Европа, а Македонија има клуча улога за стабилноста и ако сакаме стабилност на Балканот, Македонија мора да стане членка во НАТО и ЕУ, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин премиерот Никола Груевски.
– Во изминатите години Европа многу загуби од својата тежина, и мора да се позабави со изнаоѓање начин да го врати своето влијание во светот, а тоа најдобро може да го направи со Балканот, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Премиерот Никола Груевски истакна дека Унгарија е искрен пријател на Македонија со која имаме одлични политички и пред се пријателски односи, а денешната посета на високо ниво е уште една потврда за тоа. Подвлече дека особено ја цениме поддршката на Унгарија и на Вишеградската група за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ.
Во фокусот на средбата била и економската соработка.



