Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Франција владее силна тензија и се чека расплет на кризата

0
By Светлана Јовановска on January 9, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 9, 2015 16:30

Сен е Марн и квартот Венсен во Париз се двете места каде што терористите држат во заложништво повеќе лица.

Во Венсен едно лице упаднало во еден кoшер хипермаркет на плоштадот Венсен во Париз, кварт во кој живее голема еврејска заедница, и држи во заложништво пет лица помеѓу кои две жени и едно дете. Според последните информации има најмалку две жртви во кашер хипермаркетот.

Терористот кој е во продавницата е најверојатно авторот на вчерашното убиство на една млада припадничка на полицијата. Станува збор најверојатно за Амеди Кулибали, пријател со лицата кои го нападнаа сатиричниот магазин Шарли Ебдо.

Полицијата издаде потерница по него бидејќи нема стопостотна потврда дека токму тој се наоѓа во хипермаркетот. Потерница е издадена и по една негова пријателка за која постои сомневање дека соработувала во подготовката на овие убиствени акции.

Во Сен е Мар двајцата браќа Куаши кои убија 12 лица во средата наутро во редакцијата на Шарли Ебдо во Париз од синоќа се наоѓаат затворени во една печатница и најверојатно имаат со себе барем еден заложник.

Сведоците велат дека и таму ситуацијата е „замрзната“, сообраќајот и минувачите се стопирани, децата кои одат на училиште во близина не смеат да излезат од зградите а на жителите им е забрането да излегуваат надвор.

На двете места владее огромна тензија и страв. Повеќе десетици илијади пропадници на специјалните сили се мобилизирани и очигледно дека се во тек преговори со терористите.

Страв предизвикуваат и шпекулациите кои доаѓаат без прекин и информираат за нови пукотници низ цела Франција. Овие информации полицијата ги демантира но тие покажуваат дека Французите живеат во моментов во страв од нови напади.

Ситуацијата е без преседан не само во Франција туку и во цела Европа. Француските телевизии директно ги пренесуваат вестите кои доаѓаат од двете места и се чини дека цела Франција е во исчекување на расплетот.

Според аналитичарите на телевизиите, оваа ситуација не би смеела долго да трае бидејќи таа совршено им одговара на терористите. Со ова тие ставаат на знаење дека победуваат во оваа исклучителна кризна ситуација и од тие причини е потребно да се дојде до расплет.

Сепак многу вести нема бидејќи полицијата е во исчекување подготовена за напад. Но поради присуството на заложници тие не смеат да извршат напад и најверојатно преговараат со терористите.

Во Елизејската палата се одржува кризна средба од која исто така не доаѓаат многу информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.