Во Германија утринава во осум часот започнаа избори на кои своето право на глас ќе го дадат речиси 62 милиони луѓе, во трката во која канцеларот Ангела Меркел важи за најсериозен кандидат, а нејзините демохристијани за најсилна политичка партија.
Во изборите учествуваат 34 партии и 4 451 кандидат. Околу 80 000 изборни места во 299 општини ќе бидат отворени до 18 часот , веднаш потоа може да се очекуваат и првите резултати.
Меркел се надева на трет четворогодишен мандат, а нејзин за најсериозен кандидат се смета Пер Штрајнбрик кој како политичар е далеку зад неа. Во Германија се зборува дека е можна голема коалиција помеѓу демохристијаните и социјалдемократите каква што Меркел еднаш водеше. Заради тоа сите лидери вклучувајчи ја и Меркел ги повикаа неодлучните избирачи да излезат на гласање, а според проценките тоа се скоро половината од населението на Германија.