Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Град Скопје се одржа комеморативна седница за Есма Реџепа

0
By Нова ТВ on December 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2016 13:29

Денеска во салата на Советот на Град Скопје се одржа комеморативна седница за пејачката, Есма Реџепова која три мандати беше советник во Град Скопје.  текстописец, хуманитарка и советник во Град Скопје Есма Реџепова-Теодосиевска, која почина во саботата по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст.

Градоначалникот Коце Трајановски кажа дека со голема тага се простуваат со Есма Реџепова-Теодосиевска, голем човек и многу позитивна личност и хуманист.

– Есма беше наша кралица на ромската и на македонската музика, но и кралица на хуманоста и една од најголемите претставници на Македонија во светот. Со голема тага можам да кажам дека изгубивме голем човек и сакам да го изразам моето сочувство до нејзиното семејство – кажа Трајановски.

Директор на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, Зоран Џорлев кажа дека Есма Реџепова-Теодосиевска беше врвен естраден уметник над 50 години, јубилеј што ретко кој може да го оствари.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и гостите се потпишаа во книгата на жалост. Книгата на жалост ќе биде отворена за јавноста до среда, секој ден од  08:30 до 16:30 во холот на Салата на Советот на Град Скопје (ул. Илинден бр. 82, барака 13).

Есма Реџепова-Теодосиевска е родена во Скопје на 8 август 1943, а нејзината богата музичка кариера траеше над 55 години, во кои има одржано повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, а има издадено над 60 албуми. Во септември 2013 година беше одликувана со титула „Национален уметник на Република Македонија“ за нејзиниот децениски придонес за афирмација на Република Македонија во светот. За мисијата на врвен уметник и културен амбасадор на државата, таа во 2010 година од претседателот на државата Ѓорге Иванов беше одликувана и со „Орден за заслуги на Македонија“.

Сочувство до семејството на Есма изрази и УНХЦР.

„Жал ни е за смртта на Реџепова, таа беше голем поддржувач на бегалците и почесен член на УНХЦР“, стои во соопштението од претставништвото на УНХЦР во Скопје.

 

Есма Реџепова книга на жалост комеморативна седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.