Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во хеликоптерска несреќа загинаа украинскиот министер за внатрешни работи, неговиот заменик и државен секретар

0
By Соња Крамарска on January 18, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинските власти потврдија пад на хеликоптер во близина на градинка во Бровари, град недалеку од главниот град Киев. Во несреќата загинаа 18 лица, јавува Би-Би-Си.

Како што јави Би-Би-Си, меѓу најмалку 18 загинати се највисоките функционери на МВР – министерот, неговиот заменик и државниот секретар.

„Во моментот на оваа трагедија во градинката имало деца и персонал. Сега сите се евакуирани. Има жртви“, напиша на Телеграм гувернерот на Киевската област Олексеј Кулеба.

Засега не е јасно што ја предизвикало падот на хеликоптерот.

Службите за итни случаи излегоа на местото на настанот, изјави Кирило Тимошенко, заменик началник на кабинетот на претседателот на Украина.
Мештаните слушнале експлозија во градот, а потоа и голем пожар во близина на градинката.
Според Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воено-цивилна администрација на Киев, децата биле во градинка кога хелихоптерот паднал.

„Во моментот на трагедијата во градинката имало деца и вработени во установата, сите се евакуирани. Има жртви. На местото на несреќата има брза помош, полиција и пожарникари“, рече тој.

„Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Во несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот“, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

се урна хеликоптер Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.