Болеста Западен Нил по Србија зема замаф и во Хрвтска. На Клиниката за инфективни болести во Загреб во тешка здравствена состојба се четворица пациенти, а од Хрватскиот завод за јавно здравство соопштуваат дека по резултатите од анализите наскоро ќе има и официјална потврда за 15 заболени од западно нилската треска.
Поголемиот број од заболените се од Загреб и околината. Лекарите од Заводот претпоствуваат дека бројот на заболени е многу поголем, но кај некои од нив болеста поминува како обичен грип и затоа не бараат лекарска помош.
Кај 20 проценти од заболените симптомите се подраматични, а мал дел од нив завршуваат со воспаление на мозокот, па дури смрт. Болеста ја пренесува и предизвикува тигрестиот комарец.