Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во име на народот!

0
By Нова ТВ on April 23, 2019 ВЕСТИ
Петар Богојески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2019 11:26

Пишува Петар Богојевски, докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ

Во име на народот се прават чуда низ Македонија. Чуда! Во име на народот се повикува на линч на истиот тој народ… или на дел од него. Во негово име, се повикува на растурање на неговата држава. Народот не сака во фашистичката НАТО… старата куртизана ЕУ… народот е против сатаната САД. Дури и Папава што доаѓа, за да не признае за народ и држава, бил лично сатаната, со намера да го уништи, кој друг, ако не истиот ни народ. Народот не прифаќа реформи… народот е против Петко или Трајко… Станко ти кажува дека народот ќе ве казни сите предавници… народот… народот… народот… и така бескрајно, будалетинки во име на народот, направија се што можеа, против истиот тој народ. Го изнатепаа… го ограбија… абе го соголија… му ги избркаа децата, на истиот тој народ, по белиот свет… абе мамето му го расплакаа на тој народ… ама сето тоа, само и само, во име на народот!

А што кажува народот? Каде е народот? Добро де, оној дел од народот, што остана во народнава ни Република. Молчи? Исплашен е? Нема народ, сето е амеби? Народот крена раце од се, па и од државата? Неееее! На првиот круг од претседателските избори ’19 година, народот грмеше! Татнеше! Делеше шамари на кој стигна… на кој фати… искрено, многумина останаа со вцрвенети обравчиња. Некој и не знаеше кој пат да го фати… за Стамбол или за Прибилци?!? На некој му се скина тапанот, што толку многу ги напнуваше ушните народни тапанчиња, а некој остана само со „ручката“ во раце!

Сега, сите Вие што се повикувате и раздавате гурабии во име на народот, разбравте кај е народот?!? Или уште не Ви е јасно? Ако сега не Ви е јасно, никогаш нема да Ви се разјасни. Никогаш! Народот јасно покажа дека не сака друг да зборува во негово име. Токму тој народ, подели и жолти и црвени картони, на начинот на кој зборува народот во демократијата, а тоа е избори. Паднаа големите „думи“ во име на народот. Мислам пропаднаа… ги однесе водата во Црна, викаат демихисарчани…

Еве тој народ не ти бил ниту против НАТО, ниту против ЕУ, ниту против САД… тој народ не бил слеп и глув… тој народ, прилично чисто гледал и јасно слушал. Ама се му дошло преку глава. Се!Паднаа големите, величенствени, славни патриотски приказни! Да, да… токму тој „библиски“ народ, покажа дека не прифаќа, погани усти на политичари, да му ја гнасат Библијата! Тој народ од почит кон таа Библија, не прифаќа да влезе во филмот на будалетинките, дека е избраниот народ… дека е допрениот со десна рака од Бога. Пропадна басната за името и презимето… онаа за бугаризацијата… „тиранската платформа“ ја стопи пролетното сонце, како снешко белчо на Шара… декаденцијата која ни ја наметнува со сила, куртизаната Европа… небаре на сила некој го тераат да биде „обратен“… се тоа, баш басни, се отиде по Црна. Или по Вардар, како милувате, така!

Народот кажа дека преку глава му е од овие политики. Не од политиката, ами од тој тип на велелепни политики… тоа патриотските или оние флоскулно „комуњарските“… дечки патриоти и другари флоскулисти, веќе немате легитимитет да продолжите. До тука било! Барем не на овој начин и со овие басни и сказни. Браќа и сестри не напишав, зашто се помалку ги има. И аман за аман, со тие глупави ноќни пресконференции, на кои сите победивме. Дури и природните закони, дури и математичките правила ги побија нашиве „научници“ во политиката. Чудо да се чуди човек.

Македонија, после првиот круг, стана „скандинавија“… ма каква „скандинавија“, ние станавме Швајцарија. Со една, две пресконференции и готово, работата е завршена. Сите победници, сите среќни и весели, сите прославуваме, сите летаме до небеса… абе каква Швајцарија, ние сме… ние сме… незнам, немам зборови. Како нас, вакво нешто, ниту имало, ниту ќе има, не во Швајцарија, не во „скандинавија“, абе нема никаде во светот и пошироко. Ние сме уникатен пример. До душа, за посматрање!

Мене лично, народот ме изненади. Ме направи горд. Горд зашто сум од овој народ. Овој народ за помалку од 30 години државност, до толку да ти напредне, што изградил сериозен капацитет на граѓанска будност. Ех, да беше по дома, низ државава, онаа млада елита која не напушти, само можам да претпоставувам до кој степен ќе беше развиена, таа граѓанска будност. Ќе грмеше дупло. И повеќе. Дражавава ќе ни растеше како квасец. Политиката ќе беше поле на чест и честитост. Ако разбираат што тоа значи, оние кои го практикуваат тој вокабулар. Посебно оние кои го чуле, ама не дочуле… и воопшто не разбрале. Битно да се вергла на празно, како празна воденица… шефот тоа го употребува, ајде сите по него, разбрале, не разбрале…

Народот донесе одлука, за фер борба. Сите политички субјекти ги донесе на нулта позиција. Тргнуваме од нула. Рамноправни. Народот и пари ни даде. И тоа не малку… куп пари, да си играме избори и кампања. Народот не позлати! Буквално! Од исти стартни позиции, со иста сума народен ќеш во партиските каси, подеднакво соблечени пред тој народ, подеднакво посрамотени, не пушта во трка… на поправен испит, на втор круг од изборите. Ако јас се прашував, ќе срочев понуда за иднината на тој народ. Не црна кампања.

Ниту Гордана, ниту Стево треба да се омаловажуваат. Напротив, треба да се стават пред судот на народот, зашто очигледно тие двајца се изборот на Македонија, штом стигнале до тука, да бидат репрезенти на двата најголеми политички блокови во земјава. Тие се лицето на политичките субјекти. Не му го плукај лицето, не му го ругај името, туку наполни им ја главата и устата со понуда. Ќе повторам, со понуда за иднината. Тоа го бара овој народ. Тоа го очекува.

Овој народ е гладен за решенија, а не интриги. Зашто најмалку честит е оној, кој само со интриги се служи.Овој народ бара одговор на прашањето, зошто не изградивте национален консензус, кога го менувавте името?!? Зошто бегавте од одговорноста за иднината?!? Зошто, ако веќе го променивме името, не се обезбеди јасна просперитетна иднина?!? Што е сега ова пелтечење од европскиве големци?!? Каде е СЈО? А истрагата за масакрираните деца, родени од народот, на кој се повикувате? Да, да… тие деца… масакрирани на Велигден, кај Смилковско… Каде се реформите? Даночните реформи? Управните постапки? До кога со тенискиот меч помеѓу Управните судови и администрацијата? Каде е законот за подршка на малите и средни претпријатија? А европските фондови? Каде е банкарската либерализација? Каде се активните мерки за вработување? Каде е либерализацијата на енергетиката? Каде се европските привилегии за македонските граѓани? Каде е правдата? Каде е автопатот за Штип? А оној за Охрид? Кај Кинезите… аааа да… Каде е НАТО? Кај Ердоган… аааа да… изумив!

*Објавено во Вечер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.