Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во име на Отецот, Синот и Пресветлиот Судија

0
By Биљана Секуловска on January 24, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се разбереме. Основниот суд 1 ниту го затвори новинарот Томислав Кежаровски, ниту пак го ослободи. Тоа го стори власта. Иако, не би ја занемарувала светата улога на судиите. Конечно, самите се прогласија за Свет Суд, веројатно создаден по Божјата волја, што може едно да значи- се работи за божества, и тоа какви!

Ако мислите дека претерувам, видете го ве молам нивниот проглас: “Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука”.

Прочитавте добро. Велат- судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца. Судииве му доаѓаат нешто како вицот за тешката судбина на Путин, тогаш кога некој ќе се одважи да го критикува: “Откако умре Махатма Ганди, тој за жал нема со кого повеќе да зборува”.

Со оглед дека ова соопштение е потпишано од претседателот на Здружение на судии, Неговото Височество, Николчо Николовски, мора да е денес само сенка од онаа карпа од човек. Не е лесно сам со себе да зборува (не заборавајте, Ганди е одамна мртов), а да се слушаат гласови, што надвор преку прозорците од масата демонстранти, што во главата демоните, но и оние, телефонските инструкции од власта: за ослободување, за затворање, за малтретирање, за оставки, за крвожедност, за џелатство.

И Груевски нема со кого да зборува, ако овој факт му е утеха на пресветлиот судија Николовски. Затоа што, исто и него никој не смее да го критикува. Заради што сега на богот Николовски му се крвави рацете, но тоа е неговиот избор- кога ќе му понудат јаже, да бара свилено, за да се сочува нивото, онака како што сега крика, повикувајќи се на судски инстанци.

Знаете како- инаку воопшто не верувам дека на Николовски му се јавил лично Никола Груевски, што ја прави целата приказна за светецот Николовски пародично-патетична. Но, сите веќе знаеме- постојат разни информации дека од многуте бомби на Заев се и снимки со директни наредби за судски одлуки за политички затвореници од страна на власта, заради што Господин Господин Николовски допрва ќе праќа соопштенија, во кои нападно ќе има потреба да проговори и без да го обезбеди неопходното присуство на Ганди.

Досега, се беше по гандиевско сценарио- во случаеви кога умираше од досада и испраќаше на политичка робија се што беше уредно запишано во владиниот тефтер за македонскиот Голи Оток, се додека не настапи неговиот гнев, кога насети дека почнаа да се брануваат неговите спокојни денови на слугинство, додека тој салутира кога му ѕвони црвениот телефон.

Што да се прави- Г.Г судија Николовски многу добро знае дека кога доаѓа до некаква “судска инстанца” (омилениот термин на нашиот пресветол судија Николовски со кој сега се расфрла, небаре им се обраќа на ментално заостанати робови во синџири, им се извинувам на луѓето со пречки во развој), се суди и на наредбодавателите, но и на егзекуторите.

Така се одвиваат процесите и во земјата на Путин: ако му се јави некој директно да се распраша за нечија судбина, тој галантно одговара: “Како што ќе реши судот”. Заради ова, довчерашниот апостол, судијата Николовски, треба да биде загрижен. Многу загрижен човек.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.