Поради лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови во италијанската покраина Лигурија евакуирани се 200 луѓе, а илјада останаа отсечени во едно изолирано планинско место, јавуваат италијанските медиуми.
Во областа која се наоѓа на сверниот дел на Италија, дојде до голем метеж и застој во патниот и железничкиот сообраќај, а еден дел од „Виа Аурелиј“, староримскиот пат, кој ги спојува Рим со француската граница е затворен за сообраќај поради одрони на повеќе места.
– Ситуацијата навистина е критична, изјави регионалниот претставник на италијанската Агенција за цивилна заштита, Ренато Бријано.
Покраината Лигурија често пати е погодувана од невреме, а нејзината престолнина Џенова во ноември 2011 годна ја погоди поплава, во која загинаа шест лица.