Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во какви околности почина работничката од „Дрекселмаер“

0
By Менче Атанасова Точи on June 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2015 16:45

Верче Стојчевска, жената на која минатата недела и се слошило на работното место во фабриката „Дрекселмаер“, починала од мозочен инфаркт, односно од мозочен удар. Педесетгодишната жена од Велес не починала на работно место, како што се шпекулира во некои медиуми, туку на Клиниката за неврологија во Скопје. Таа немала мозочно крварење за да се интервенира оперативно, но зачепувањето од тромбот било толку силно што не го преживеала мозочниот удар.

Оваа информација за НОВА ја потврди нејзиниот сопруг, Зоран Стојчевски.Тој вели дека неговата сопруга имала променлив притисок кој најчесто не го чувствувала. Вели дека не знае што точно се случувало критичната ноќ и не може да коментира додека не добие официјални документи од менаџментот на фабриката. Сепак, потенцира дека доколку и било лошо, не постои сила која би можела да ја спречи за да му се јави на телефон за тој да преземе нешто.

„Доколку Верче ми се јавеше да ми каже дека не и добро, секако ќе превземев нешто. Но, немаше ништо посебно. Таа се жалеше на третата смена дека и е напорно, но тоа го кажуваше и на претходното работно место во друга фабрика. Сега емотивно можам да кажам се, но додека не ги добијам документите од фабриката, не можам ништо да коментирам“, изјави Стојчевски за НОВА.

Во моментот кога се случила несреќата тој и едната ќерка биле на одмор во Грција. Стојчевски е по професија информатичар, а неговата сопруга била правник, но откако останала без работа во велешки АД „Лозар“ по стечајот на фирмата, одлучила да ја прифати работата во германската фирма.

Стојчевски не знае дали трудовата инспекција извршила увид и што констатирала. Не е информиран што се случувало во мугрите тоа утро околу 0:3 часот, вели дека слуша разни шпекулации, но никој не дошол да му каже што е вистината.

„Се најави една нејзина колешка да ми раскаже што се случувало, но не дојде“, рече Стојчевски. Денеска, се навршуваат седум дена од нејзината смрт, па е зафатен околу поменот. Се уште не може да си дојде на себе од шокот по смртта на неговата сопруга.

Она што се шпекулира во некои медиуми е дека Верче и се пожалила на главоболка и мачнина на одговорната во третата смена.

Таа побарала да викнат брза помош или да си замине од работа со такси, но одговорната и порачала да остане некое време, можеби главоболката ќе и помине, во спротивно, ќе викнат лекар. Но, по половина час Верче паднала, а вработените се стрчале да и помогнат.Била повикана Итна медицинска помош, која прво ја однела во болницата во Кавадарци,а потоа била однесена на скопските клиники. Истиот ден, во вторникот вечерта откако и се влошила состојбата, таа починала.

Од компанијата „Дрекселмаер“велат дека здравјето на вработените им е приоритет. Токму затоа во сите фабрики во светот применувале високи стандарди за заштита и безбедност при работа. Таков е случајот и со фабриката во Кавадарци, се вели во соопштението од менаџментот на „Дрекселмаер“.

Амбуланта со лекар и осум медицински сестри и еден лекар им биле на располагање 24 часа на вработените.

„Во вторникот наутро на една од нашите вработени и се слошило. Веднаш бил повикан медицинскиот персонал кој дошол на лице место, а била повикана и Итната медицинска помош. Откако и е дадена прва помош била однесена во болницата во Кавадарци, каде и е дијагностициран мозочен удар, по што е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје. Вработената за цело време била придружувана од страна на нејзината претпоставена. За жал, нашата вработена починала истиот ден на клиниката во Скопје“, се вели во соопштението.

Од таму објаснуваат дека семејството на починатата работничка ќе биде обештетно, односно ќе добие се што треба согласно законската регулатива.

За случајот реагираат од Здружението за социјална правда ,,Ленка“ и бараат случајот да се расветли.

„ЛЕНКА длабоко и човечки сочувствува со семејството и ќе направи се вистината за овој случај да излезе на виделина“, стои во дел од текстот на нивниот ФБ профил.

Многу сериозни обвинувања паѓаат на име на германската фабрика „Дрекселмаер“. Од тоа дека се работи под притисок, дека е напорно, како во концентрационен логор, дека вработени се бркаат од работа без објаснување.

Што од тоа е вистина, нема објаснување. Досега никој не излегол јавно да проговори, дури ниту тие што си заминале или биле избркани од работа.

Сопругот на Верче вели дека таму работат луѓе со различни квалификации, луѓе што не биле работно ангажирани долго време и тие не можат да се прилагодат германскиот режим на работа, кој се разликува македонското темпо на работење. Неговата сопруга освен напорот од третата смена не се жалела на друго. Сепак, Стојчевски има забелешка на фабриката бидејќи вработените немале колективно осигурување, кое чини многу поевтино од индивидуалното, а ќе ги заштити од несреќи при работа.

Од компанијата „Дрекселмаер“не одговорија дали вработените се колективно осигурани.
Нема објаснување и на пишувањата во некои медиуми кои доаѓаат од вработени или поранешни вработени во фабриката дека таму се работи под силен притисок, во услови кои вработените тешко ги издржуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.