Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Косово денеска бројни манифестации по повод Денот на независноста

0
By Соња Крамарска on February 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Косово денеска ќе се одржат бројни манифестации по повод 15-годишнината од прогласувањето на независноста, вклучувајќи свечени седници на парламентот и владата, паради на припадниците на косовските безбедносни сили и косовската полиција и други културно-уметнички активности.

Официјалната седница на владата ќе се одржи претпладне во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот пред седиштето на извршната власт. Свечената седница на косовскиот парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието.

Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници на Косово, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.

Предвидено е да се положи цвеќе на споменикот на исчезнатите, на гробовите на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова, политичарот Адем Демаќи и првиот командант на Ослободителната војска на Косово Адем Јашари, како и на споменикот на хероите за кои се смета дека „ги положиле животите за слободата на Косово“.

Пред Народниот театар во Приштина ќе се запалат 1.133 свеќи, што според официјалните податоци од Приштина е бројот на загинати деца за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ќе приреди прием за највисоките претставници на Косово, пратеници, министри, претставници на дипломатскиот кор и други високи личности, а свечен „Концерт на независноста“ ќе се одржи во спортската сала „Први Октомври“ во Приштина во организација на Радио и телевизија на Косово.

Свечености по повод Денот на независноста на Косово денеска ќе се организираат и во другите косовски општини, а приеми ќе бидат организирани и во дипломатските претставништва на Косово.

Ден на независност Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.