НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кривичниот суд една декада се правеле злоупотреби со АКМИС системот

1
By Борјан Јовановски on October 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осумстотини и шеесет судски предмети воопшто не влегле во АКМИС системот и не биле електронски прераспределени кај судии, потврдуваат од Министерството за правда.

АКМИС е електронски систем преку кој случаите требаше да бидат распределувани – софтверот требаше самиот да ги бира судиите кај кои се назначуваат предметите.

Овој систем требаше да спречи злоупотреби и манипулации, односно главниот предизвик беше да се спречи влијание на судиите преку местење одредени судски процеси.

Според информациите од Комисијата за НОВА ТВ составена од Министерството за правда, последните десетина години, предметите воопшто не биле ставани во овој систем. Нашите извори велат дека системот не само што функционирал исправно, туку и софтверот имал сериозни пропусти, а дополнително службениците иако имале обврска да го користат системот, сами одлучувале на кој судија да му ги доделат предметите.

За АКМИС системот јавноста прв пат дозна откако се формираше Специјалното јавно обвинителство, поточно кога Кривичниот суд креираше мрежа од едни исти судии кои беа назначувани да ги работат случаите на СЈО. Тогаш прв пат се отвори сомнежот за злоупотреби, а дека злоупотребите биле поголеми размери од очекуваното го потврди и Комисијата.

Извори во судот за НОВА ТВ раскажуваат како изгледале злоупотребите. На пример, по пристигнувањето на предметите во судот, биле собирани кај еден судски службеник до 15 часот, но во моментот кога требало да се врши распределбата, не функционирале копчињата за нотификација, па наместо по случаен и електронски пат, службеникот сам на своја рака одбирал кој предмет кај кој судија и судечки совет ќе одат. Ова е спротивно на Законот за управување со движењето на предметите во судовите кој ја уредува оваа материја, велат од комисијата. Во него во делот за автоматизирано распределување на предметите пишува:

ЕДНА ГОДИНА ДОБРО ЧУВАНА ТАЈНА И ЗЛОУПОТРЕБИ

Прашањето кое се поставува е: Кој ја имал одговорноста но и контролата врз системот. Според законот претседателот на судот е оној кој е задолжен да го контролира функционирањето на системот, но и оној кој имал целосен пристап до софтверот.

Според законот, претседателот на судот е тој секојдневно ја следи состојбата со движењето на предметите особено со предавање на предметите во работа,  прераспределба на предметите,  закажување на расправи/рочишта, преземањето на судски дејствија надвор од судската зграда, донесување, изготвување и објавување на одлуките, и состојбите со функционирањето на    автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети.

За овие состојби актуелниот претседател испратил известување до Врховниот суд кога дошол на функција.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски во изјава за „Телма“ изјави дека ова треаело со години.

„Траело со години, од страна на претходните претседатели (една поранешна претседателка и еден поранешен претседател на судот) па се до стапувањето на функција на В.Д. претседателот Стојанче Рибарев. Знам, бидејќи кога ќе видите дека на корицата на предметот пишува име на судијата кој ќе го води случајот со параф од претседателот на судот тогаш е јасно. Тоа е повеќе напишано како наредба до писарницата“, рече Вангеловски.

Судскиот совет уште пред една година констатирал неправилности со АКМИС системот. Во судот пак  на седница одржана на 11 ти септември се разговарало на оваа тема. Две судијки, Весна Димишкова и Славица Андреевска реагирале и се жалеле за начинот на распределба на предмети. Тие се оние кои настрадаа со распоредот на судии кои неколку пати беше менуван од поранешните претседатели. Но, што ја предизвика истрагата.

Изворите на НОВА ТВ потврдуваат дека Извештајот кој го подготвува Комисијата од Министерството за правда најверојатно ќе биде презентиран идната недела. Но од понеделник според неофицијални информации истата комисија ќе проверува и како функционирале системите во Врховниот суд и скопска апелација. Она што ќе го открие ќе го испрати до Судскиот совет и јавното обвинителство кое ќе има задача да истражи дали има злоупотреби.

Инаку АКМИС системот беше имплементиран во 2010 година со помош на САД кои преку програмата ЈУЕСЕЈД издвоија речиси 800.000 долари со цел да ги подрдржат реформите во судскиот систем во Македонија.
АКМИС системи Кривичен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.