Published: Wednesday, January 15, 2014 15:08
Центарот за јавно здравје од Куманово во декември има евидентирано 110 лица заболени од варичела, што е благо зголемување во однос на октомври и ноември кога бројот на заболени од овчи сипаници изнесувала 60, односно 70 лица.
Во текот на 2013-та година бројот на заболените изнесува 584 лица.
„Според возраста најголем број заболени од варичела се деца до шестгодишна возраст. Во оваа категорија лани имало 334 евидентирани. Во старосната граница од 7 до 19 години има 258 регистрирани и 20-тина возрасни лица“, вели Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје.
Се препорачува хигиено-диететски режим, често проветрување на просториите, како и мирување и изолација на заболените.




