Попладнево во Куманово околу 15.30 часот убиен е Џемаил Реџепи наречен командант Шчипоња.
Сведоци на настанот за Лајм информирале дека во истиот инцидент се ранети двајца поддржувачи на Шчипоња, Шефки Реџепи и Гани Демири.
Според првичните информации, во него пукале приврзаниците на Бајрам Лимани, кој пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.
На местото каде што е убиен во Куманово, тој требало да се сретне со Лимани, за да се координират во врска со изборот на претседател на огранокот.
МВР го потврди за Лајм убиството на Џемаил Реџепи.
Убиството се случило во кафе бар во кумановската населба Бедиње. Во Реџепи и во уште двајца со кои Реџепи седел е стрелано со автоматска пушка од автомобил во движење.
Напаѓачите биле со зелен мерцедес и избегале во непознат правец.
Шефки Реџепи на 24-ти април годинава беше уапсен заедно со својот брат Реџеп Реџепи кому му беше одреден притвор за откриен динамит во неговата куќа. Шефки Реџепи беше ослободен и тврдеше дека неговиот брат е наместен и дека нема врска ниту со настаните во Гошинце ниту со инцидентот во Диво Насеље кога Реџеп Реџепи беше во притвор во кумановскиот истражен затвор, информира ТВ Телма.




