Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во летното кино „Мирно лето“ на „Кинотека“ вечерва кусометражни филмови на македонски писатели

0
By Marija Todorovska on July 2, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на „Кинотека“, информираат од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 година, по сценарио и во режија на Славко Јаневски, „Твојот роденден“ од 1961 година, по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ, „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 година, по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ, „Давид, Голијат и петел“ од 1960 година, по сценарио и режија на Славко Јаневски, „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 година, по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски, „Човекот во црно“ од 1970 година, по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 година, по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.

Проекцијата е организирана од Кинотеката на Република Северна Македонија, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ, додаваат од ДПМ.

друштво на писатели Кинотека мирно лето Филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.