Шпанскиот мисионер Мигел Пахарес (75), кој беше инфициран со вирусот ебола, почина во болницата во Мадрид, каде беше хоспитализиран откако со медицински авион беше пренесен од Либерија, пред пет дена.
Пахарес е првиот Европеец кој починаа од ебола, која досега ги ондесе животите на повеќе од илјада лица во западна Африка.
Шпанскиот мисионер доби и експертиментален третман кој досега бeше користен само два пати во САД врз двајца Американци вратени од Либерија, јави шпанското министерство за здравство.
Еболата почна да се шири во март во Гвинеја и оттогаш се распространи во Сиера Леоне, Либерија и Нигерија.