Во Министерството за здравство починал човек чекајќи да дојде возило на Итната медицинска помош, дознава НОВА од извори во оваа институција. Информацијата веќе почна да се шири и на Твитер.
Нема инфомации од што починал човекот и дали бил вработен во Министерството или случајно се нашол таму. Неофицијално, човекот починал во одделението за архива и не бил вработен таму, туку бил дојден да достави документи. Човекот починал пред еден час, а влезот во Министерството се уште е забранет.
Директорката на Здравствениот дом Скопје за НОВА ја потврди информацијата, но не кажа детали за случајот бидејќи екипа на Брзата помош е се уште таму.
„Се чека увид, екипата е на лице место. Единствено што можам да ви кажам е дека имаше повик за интервенција. Министерството треба да излезе со детали за случајот“, изјави за НОВА Татјана Баевска Вучковиќ, директорка на Здравствениот дом.
Од Министерството за здравство, од службата за односи со јавноста не одговараат на телефонските повици, откако побаравме одговор за случајот.




