Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во МНР повикани турски дипломати по изјавата на амбасадорката Кара

0
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 15, 2018 17:09

По реакциите што во јавноста ги предизвика изјавата на турската амбасадорка, денеска во МНР се одржала средба со претставници на Амбасадата на Турција, предводени од заменик шефот на мисијата, Мурат Сумер.

На средбата било изразено незадоволство поради неодамнешната неодмерена изјава на Амбасадорот на Република Турција во Македонија Тулин Кара, поврзано со класификацијата на учениците во училиштата на „Јахја Кемал“ како потенцијални терористи. Од страна на претставници на Амбасадата на Турција беше изразено жалење што оваа изјава на Амбасадорката Кара дадена во контекст  на свеченото отворање на училиште во Тетово, предизвикала реакции кои не се во рамките на основната порака која сакала да ја пренесе, за предупредување на ФЕТО организацијата во Македонија и во регионот, велат од МНР.

На промоцијата на Фондацијата „Мариф“, амбасадорката на Турција изјави:

„Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата ‘Мариф’. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на ‘Мариф’, бидејќи ‘Јахја Кемал’ не не претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка оргнизација, на суштински начин, и тоа да не остане само на декларативно ниво“, рече Кара.

По ваквиот настап на амбасадорката, реагираа и од Министерството за образование. Од таму соопштија дека  работата на сите училишта во Македонија е подложна на контрола, како и дека од турската амбасада не добиле официјално барање за истрага или за евентуално затворање на некое училиште. „Децата слободно може да се запишуваат во сите училишта кои имаат согласност за работа од Министерството и кои работат во согласност со законските одредби, а такво е училиштето ‘Јахја Кемал’“ соопштија од МОН.

 

КАРА Турска Амбасада ФЕТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.