Published: Wednesday, February 26, 2014 15:27
Во близина на Мостар, на местото на авионската несреќа, беше одбележана 10 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници. Присуствуваа делегации на РМ и на БиХ, предводени од Ѓорѓе Иванов и Жељко Комшиќ.
Делегациите положија цвеќе на спомен обележјето им оддадоа почит на загинатите во несреќата. Комшиќ изјави дека претседателот Борис Трајковски беше вистински регионален лидер и голем пријател на Босна и Херцеговина.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изрази надеж дека новата истрага за несреќата ќе ги расветли сите детали за овој трагичен настан, јави Радио Слободна Европа.




