Четворица ги загубија животите а стотици се повредени при судирот на демонстрaнтите со полицијата во Киев откако беше усвоен закон за забрана на протестите.
До ескалација на судирите дојде кога полицијата во утринските часови по локално време почна да ги растура барикадите и да ги апси демонстрантите.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович седна на иста маса со тројцата водечки лидери на опозицијата Виталиј Кличко, Арсениј Јаценјук и Олег Тјагнибоки и со членовите на работната група за, како што беше објавено, надминување на политичката криза во земјата.
Демонстрациите во градот започнаа уште во ноември како реакција на владиното одбивање за приближување кон ЕУ и свртување кон Москва.