Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во октомври 179 работодавачи ја злоупотребиле добиената финансиска поддршка за исплата на плати

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжува практиката одделни работодавачи да ја злоупотребуваат добиената финансиска поддршка за исплата на плата на вработените, соопшти денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Така, за октомври, и покрај добиената поддршка која е дел од четвриот пакет мерки, плата на вработените не исплатиле 179 работодавачи, кои добиле 5.271.776 денари, а плата не добиле 338 вработени лица. Списокот на компаниите ќе биде денеска доставен до Генералниот секретаријат на Владата кој треба да го објави јавно и нема да може да се ажурира што беше случај при спроведување на ваквата мерка во месеците април, мај и јуни, кога исто така имаше работодавачи кои не ја исплатиле и се уште има некои кои не ја исполниле оваа законска обврска. До Генералниот секретаријат на Владата ќе биде доставен и списокот на фирмите што не исплатиле плата, а зеле поддршка за април, мај и јуни.

-Од овие работодавачи кои не исплатиле плата за октомври, а зеле поддршка од државата, 40 се од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 968.254 денари и на 63 вработени не исплатиле плата, 23 фимри се од дејноста подготовка на оброци и служење хрна кои добиле финансиска помош од 830.614 и на 55 вработени не исплатиле плата, 12 фирми се од дејноста транспрот со финансиска поддршка од 418.512 денари и на 25 вработени не исплатиле плата. Тука влегуваат и дејностите трговија на големо, изградба на зграда, трговија на големо и мало со автомобили и мотоцикли, истакна Лукаревска, додавајќи дека 52 од овие фирми се од Скопје, 41 од Тетово и 15 од Гостивар.

Дваесет и четири даночни обврзници, пак, кои побарале за дел од своите вработени поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, за 506 вработени примиле 2.005.437 денари, но не извршиле исплата на дополнителен износ по пднесените исправки од 99.186 денари. Тоа, како што рече, се  компании од трговија на големо, подготовка на оброци и служење храна, останата производствена индустрија, а најголем дел – три се од Скопје, три од Битола и по две од Госитвар и Неготино

На работодавачите што користеле фиансиика поддршка, а не исплатиле плата доставени се опомени по што следи постапка на присилна наплата.

-Во ваков склучај се предвидува голоба од 500 до 1000 евра на  микро претпријатие, од 500 до 2000 за мало претпријатие, од 1.000 до 6.000 евра за средно претпријатије и од 1.000 до 10.000 евра на големо претпријатие, истакна директорката на УЈП.

Таа потенцира дека се уште има фирми кои не ја исплатиле платата иако зеле финансиска поддршка за месеците април, мај и јуни.

– За компании кои не исплатиле плата за април, мај и јуни спроведена е присилна наплата. Платата не е наплатена кај 55 работодавачи за април, 48 за мај и 82 за јуни. 149 немаат исплатено за само еден месец, 25 за два месеца и пет за сите три месеци, април, мај и јуни. За овие компании се доставени податоци и до Јавното обвинителство за покренување кривични постапки и ќе ги доставиме до Генералниот секретаријат на Владата за да се направи нивно објавување, рече Лукаревска.

Таа додаде дека кај компаниите кои не исплатиле плата, а зеле поддршка, ќе се спроведе и детална контрола по сите видови даноци, но ќе бидат контролирани. Заедно со Државниот инспекторат за труд ќе се контролира и кај компаниите кои исплатиле пониска од минималната плата.

-Секој кој го прекршил законот ќе одговара. Можеби премеки се овие санкции меѓутоа не застанавме тука, спроведувавме постапки за присилна наплата, спроведуваме, а и во иднина ќе спроведуваме. Отворени се соодветни налози што треба да се предадат на инспекторите кои треба да влезат во овие компании за да се види какво било нивното работење. Соодветна соработка ќе имаме и со ДИТ. Построги мерки треба да има.  Исто така, и оваа јавна објава сметавме на почетокот ќе вроди со плод, но очигледно на оние што мислат дека ќе го изиграат законот нема да им помине. Покрај оваа листа ќе објавиме уште три листи кои од април немаат направено исплата на плата, рече Лукаревска.

Таа појасни дека на дел од фирмите што користеле помош, а не исплатиле плати им беа блокирани сметките, им беше одземен износот што го добиле како помош со цел да се наплатат, а исто така и овој пат кривичната одговорност ќе биде неизбежна.

Финансиската поддршка преку оваа мерка зависно од големината на загубата на фирмата се движи од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.