Еден од неформалните лидери на Движењето жолти елеци, Ерик Друе синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави, јави дописникот на МИА.
– Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно, изјави адвокатката Кеопс Лара.
Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клинет било по барање на префекрурата без јавното обвинителство, кое според неа се покажало „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротистави на мерката притвор за Друе.
На 22 декември Друе беше уапсен за време на протестите во Париз поради „носење на забрането оружје“ – стап и за тоа ќе му се суди на 5 јуни.