Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во пензија на 62 или 64 години, за откуп на стаж ќе се почека

0
By Нова ТВ on January 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главните законски измени се однесуваат на укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век до 67 години, пишува Дојче веле.

Не се предвидени никакви измени околу годините за пензионирање во Северна Македонија. Жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието.

Реакции

По реакциите во јавноста околу измените во предлог-законот за пензиско и инвалидско осигурување, надлежните објаснуваат дека главните измени се однесуваат на укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век до 67 години. Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека не се предвидуваат измени во однос на укинувањето на можноста жените да се пензионираат на возраст од 62 години и 15 години стаж, доколу самите одлучат така. Можноста за порано заминување во пензија за жените останува како можност која ја нуди Законот за пензиско и инвалидско одигрување.

„Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат. Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, велат од МТСП.

Според официјалните податоци, во моментов над 6.000 лица го продолжиле работниот век за една година. „Согласно Уставот, ние не смееме да правиме дискриминација по пол. И сегашното законско решение тоа го вели, и опстануваме на одредбата дека и мажите и жените се еднакви. Доколку сакаат работат до 64 години, доколку сакаат со 62 години жените да одат во пензија тогаш поднесуваат барање и заминуваат во пензија на 62“, вели во изјава за медиумите Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Ќе се почека за откуп на стажот

Владата го одложува и најавениот проект за откуп на стажот. Лани премиерот Зоран Заев најави носење на нов Закон за пензионирање. Според него, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж. Сепак, првичните информации беа дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж.

„Ова го имаме затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност…“, изјави тогаш Заев

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека законот за откуп на стаж е составен дел од владината програма, но не е прецизиран рокот кога треба да биде донесено законското решение. Според неа, важно е да се одржи стабилен пензиски систем со навремена исплата на пензиите. Законот за откуп на стаж останува приоритет на Владата, но засега има приоритетни други законски решенија.

Власта го предложи новиот закон за работни односи во ноември, а планот беше на почетокот на годинава да стапи на сила. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.