Палестинската Цивилна одбрана во Појасот Газа соопшти дека 30 луѓе загинале во израелските напади, а повеќе од сто се повредени.
Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал изјави дека 11 од загинатите биле убиени додека чекале да се отвори центарот за дистрибуција на помош во Нусеират, централниот дел на палестинската енклава.
Најмалку 19 луѓе загинаа во трите израелски напади во Бејт Ханун, во северниот дел на Појасот Газа.