Во Белорусија, денеска, недела, се одржуваат парламентарни избори. Очекувањата не се сјајни за демократијата бидејќи прогнозите за победник се на страната на прорежимските кандидати. Според написите во светските медиуми, сосема е извесно дека вечерва по петти пат победник ќе биде Александар Лукашенко.
Тој ја води државата веќе 22 години, а неговото владеење се поврзува со злоупотреба на моќта, криминал, корупција, изборни измами, контрола врз медиумите, судството, парламентот, институциите и со сериозни прекршувања на човековите права и слободи.
Во актуелниот состав на парламентот нема пратеници од опозицијата, а истата, која е маргинализирана со години, не очекува дека ќе оствари добар резултат.
Изборите во некогашната советска репулбика, којашто САД ја етикетираат за последна европска диктатура, се следени од 400 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.