Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во потрагата по Мартин со двогледи, глисери, доброволци ќе кинисаат за Халкидики

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2022 15:02

Македонските граѓани преку социјалните мрежи се организираат да се вклучат во потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, кој во неделата исчезна во водите на Егејското Море од плажата Мити на Халкидики.

– Потребно е едно доброволно лице, односно една кола, кој ќе се нафати да отиде до Халкидики утре. Покриено е патен трошок, смештај и јадење, целта е да се однесе опрема и лица, стручни спасувачи, кои ќе помогнат во барањето. Најверојатно ќе се остане цел викенд. Битно е да е поголема кола, караван или џип со цел да собере повеќе опрема, пишува во објавата на Фејсбук групата „Сите за Мартин“.

Во апелот на социјалните мрежи се нагласува:

„Се бараат и лица кои знаат да зборуваат грчки јазик, екипа со дронови (клубови, поединци и слично), луѓе со параглајдери/ воздухопловни екипи, бродски клубови, едрилици, чамци, глисери и слично, финансиски донации за гориво за воздухопловните и водените пребарувачи и за волонтерите, бидејќи официјалната потрага од државата е значително намалена после четвртиот ден.
Контактирајте ваши познаници, фирми и кој било што мислете дека може да придонесе и помогне на кој било начин. Да ги тагираме надлежните институции на сите објави, да бидеме што побројни и погласни. Да се чуе нашиот глас насекаде! Секоја помош е добредојдена. Да направиме сѐ што е во наши раце за потрагата да продолжи и нашиот Мартин да се врати!“, стои во објавата.

И од страната Хуманитарни акции на Фејсбук објавија: 

„Почитувани хуманитарци, потребни се повеќе двогледи за утрешната екипа која ќе тргне за Халкидики во потрага по Мартин. Ќе бидат вратени соодветно со крајот на потрагата. Поради брзото организирање, ве замолуваме да ни ги предадете во Центар или Аеродром – Скопје“. 

Мартин исчезна во минатата сабота, пред седум дена, кога со двајца негови пријатели, на плажата во Посиди, на Халкидики беа однесени од морските струи.

Едното момче, Васил, беше пронајден истиот ден, а другиот другар, Иван, спасителите го пронајдоа утредента, откако успеал да преживее на отворено море цели 18 часа.

 

глисери двогледи доброволци Мартин Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.