Оние кои ќе го нарушуваат мирот на соседите од 22.00 навечер до 8 часот наутро и меѓу 13.00 и 14.00 во Романија, ризикуваат да бидат осудени на затворска казна до две години, јавуваат романските медиуми.
Тоа се предвидува во новиот закон претставен од Министерството за внатрешни работи.
Затвор во траење од три месеци до две години се предвидува со нацрт-законот за лица кои слушаат гласно музика, пробиваат со бормашина или предизвикуваат друг интензивен звук, откако претходно ќе бидат предупредени од полицијата. Ограничување на бучавата важи и за органзирање свадби и други настани во приватен дом или канцеларии на фирми кои се близу станбени простории на приватни лица.
Досега законот предвидуваше само парични казни за таков вид непочитување.