Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Русија се бара авионски билет повеќе во еден правец

0
By Xhabir Deralla on September 22, 2022 КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 22, 2022 11:20

Пишува: Борјан Јовановски

Во Русија драматично расте цената на еднонасочните билети во само еден ден по објавата на Путин за итна мобилизација на 300.000 резервисти.

Податоците на Google Trends покажаа скок во пребарувањата за Aviasales, најпопуларната страница за резервации на летови во Русија.

Директните летови од Москва до Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, двете дестинации кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза, се распродадени во средата, според податоците на Aviasales.

Летовите од Москва до Истанбул преку Туркиш ерлајнс беа или резервирани или недостапни до недела, од 14:15 часот по московско време (1115 GMT).

Некои транзитни дестинации , вклучително и оние од Москва до Тбилиси, главниот град на Грузија, исто така беа распродадени додека најевтините летови до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубли (5.000 долари) – околу пет пати повеќе од просечната месечна плата во Русија.

Билети во еден правец за Турција достигнаа цена од речиси 70.000 рубли (1.150 долари), во споредба со нешто повеќе од 22.000 рубли пред една недела, покажуваат податоците на Google Flights.

Гужва се создаде и на руско финската граница соопшто финската гранична полиција додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија по наредбата на претседателот Владимир Путин за воена мобилизација, изјави во средата финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.

Естонија, Летонија и Литванија во средата објавија дека нема да понудат засолниште на ниту еден Русин што бега од мобилизацијата на трупите на Москва.

Шефот на руската агенција за туризам рече дека досега не се воведени никакви ограничувања за патување во странство.

ЕУ подготвува нов пакет санкции против режимот во Москва

Во меѓувреме ЕУ подготвува нов пакет  на  санкции против Русија кои се дефинира на состанок меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ кои се одржува во Њујорк во рамките на Генералното Собрание на ООН како вонреден поради објавата на Путин за мобилизација на 300.000 резервисти.

Во изјавата за новинарите во Њујорк, Жозеп Борел, рече дека најавата на рускиот претседател Владимир Путин, која вклучува чекори за анексија на делови од украинска територија и заканата за употреба на нуклеарно оружје за одбрана на Русија е знак  за „паника и очај“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.