Вашингтон: Повеќе од 8000 летови вчера беа одложени низ САД, бидејќи отсуствата од работа на контролорите на летање, поради проблеми со буџетското финансирање на нивните плати, продолжија да го попречуваат американскиот воздушен сообраќај, а финансиската блокада на федералната администрација влезе во 26-от ден.
Американскиот секретар за транспорт, Шон Дафи, рече дека Федералната управа за воздухопловство во саботата имала проблеми со персоналот за контрола на летање на 22 локации и додаде дека се очекува дополнителните отсуства од работа на контролорите кои на друго место бараат платена работа да доведат до уште поголеми доцнења и откажувања на летовите во наредните денови.
Според FlightAware, веб-страница за следење летови, до 23 часот по источно американско време во неделата имало повеќе од 8.000 доцнења на летовите во САД, што е зголемување во однос на околу 5.300 во саботата.
Доцнењата на летовите се над просекот откако на 1 октомври престана да работи дел од државната администрација поради тоа што не беше постигнат договор за буџетско финансирање во Конгресот.
Контролорите на летање пред две недели примија 90 отсто од нивната редовна плата за периодот пред прекинот на буџетското финансирање. Но, утре би бил ден за исплата за нивната работа во октомври

