Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Санте Плус пред инспекторите негирале дека ја лекувале Мирсада

1
By Менче Атанасова Точи on July 26, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат утринава влегле во болницата Санте Плус  во Скопје за случајот со пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими,  која за НОВА изјави дека живее во страв дека ќе и излезат цревата од стомакот, по неколку неуспешни операции од кила, од кои три биле направени во Турција и една во Санте Плус во Скопје.

Таа,  случајот го пријавила и во ДСЗИ, Лекарска комора, кај министерот Филипче и премиерот Заев.

Мирсада Џуџевиќ Ќерими

Од инспекторатот констатирале дека пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими не била воопшто евидентирана во дневникот на болницата,  а лекарите не признавале дека воопшто ја лекувале пациентката иако за тоа постојат документи. Кога инспекторите им ги покажале отпусните писма со датум, печат и потпис од др. Ирена Гаџовска,  од болницата рекле дека тие се превод од Турција.

Такво нешто било непоимливо за санитарните и здравствени инспектори бидејќи внатре пишува на какви анализи е праќана и која терапија и била давана, како и преврските и интервенцијата која и била извршена во болницата Санте Плус во Скопје.

„Пациентката воопшто не е евидентирана во дневникот на болницата. Докторката која интервенирала кај неа не е вработена во болницата, туку во ПЗУ Дерматологија и негира дека пациентката била таму и дека ја лекувала“, изјави др. Ирина Бухова, Директорка на ДСЗИ.

Од ДСЗИ најавија дека ќе превземаат мерки за кои ќе има дополнително известување.

др.Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ

НОВА вчера објави  дека Мирсада на нејзиниот стомак повеќе нема мускули, туку само тенок слој на кожа поради кои како што вели, мора постојано да носи дебел и тврдо стегнат појас кој и ги држи цревата да не излезат. Се ова поради три неуспешни операции направени  во болницата Санте Плус во Турција и една во болницата во Скопје.

„Јас живеам 24/7 со појас дури и при туширање не смеам да го извадам за да не ми излезат цревата надвор. Од операцијата на кила направена во болницата  Санте Плус во Турција и во болницата во Скопје, јас останав инвалид, живеам со големи болки од нешто што не е  направено како што треба, поради лекарска грешка“, изјави за НОВА, Мирсада Џуџевиќ Ќерими.

Менаџерката на Санте Плус во Скопје, Весна Камилова и вчера негираше дека пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими била воопшто третирана во болницата Санте Плус во Скопје.

Весна Камилова, балкански координатор на „Санте Плус“ групацијата и извршен директор на болницата „Санте Плус“ во Македонија

Таа тврди дека сите интервенции и биле направени во болницата во Турција, која е сосема друг правен субјект , односно дека Санте Плус во Скопје е фирма- ќерка на Санте Плус во Турција.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.