Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Сирија војуваат 1.000 исламисти од Балканот

0
By Нова ТВ on June 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За разлика од периодот во 90-ите години кога исламистите пристигнуваа во Босна за да војуваат на страната на муслиманите против немуслиманското население, сега трендот е обратен, вели Џевад Галијашевиќ за белградски Новости, кој од весникот е претставен како безбедносен стручњак од БиХ, во написот во кој се анализира улогата на муџахедините од поранешна Југославија во исламскиот свет и особено во Срија.

– На Балканот сега младите исламисти се фанатизираат и се праќаат на „воена пракса“ во арапскиот свет, а и да не знаат за чии интереси војуваат. Тоа е страшна закана за безбедноста и иднината на нашиот регион – предупредува Галијашевиќ.

Тој вели дека американскиот и британскиот амбасадор во БиХ ги предупредувале политичарите од Федрацијата на БиХ да ги заладат односите со Иран, а Вашингтон го изгубил трпението по откритието дека властите во Босна издале 200 визи за ирански претприемачи, кои не се занимавале со вообичаените стопански активности. Истовремено, објавено е дека во Сирија загинал уште еден државјанин на БиХ, кој во таа земја стигнал со тура од 52 доброволци и пристапил на единиците на Ен-Нусра. Иако Западот е склон кон сириските „опозиционери“, САД оваа единица заради агресивноста и фанатизмот ја обележија како „терористички клон“ на Ал Каида, истакнува Новости.

– Ен-Нусра е дел од таканаречениот „Балкански Фронт“ на екстремни исламисти. Станува збор за бригада која брои најмалку 5.000 борци од кои на боиштата во Сирија во моментов има околу 1.000 исламисти од територијата на поранешна Југославија. Од нив 500 се од БиХ, а останатите се од Косово, Санџак и Македонија – вели Галијашевиќ и додава оти овие бројки се само она што се знае и докажуваат дека Балканот станал касарна за регрутација и обука на исламисти. Тој додава дека тие се обучуваат и верски и војно во БиХ, на Косово и во Турција од каде што комитети ги упатуваат каде што е потребно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.