„Со тебе сме“, “Исправи се, не покорувај се, Балканот е со тебе“, под ова мотото во Скопје и во Гостивар се одржаа собири во знак на поддршка на турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.
Учесниците велат дека Ердоган е симбол на развојот во последните 10 години во Турција, Балканот и пошироко. Поддршката за Турција, ја носеше и пораката за големиот пријател на Албанците, јавува Алсат-М.
„Ние чувствуваме морална обврска да дадеме поддршка за пријателскиот турски народ, изразувајќи ја благодарноста на Албанскиот народ кој во најтешките моменти, секогаш ја имал на помош Турција, особено имајќи го предвид пријателството и поддршката на премиерот Ердоган“, рече Скендер Реџепи, претседател на здружението “Елита“.
Во Гостивар, освен поддржувачи од цела Македонија, присуствуваа и претставници на Турската Демократска Партија на Косово.