Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во слобода на медиуми од 117 Македонија падна на 123 место во светот

0
By Нова ТВ on February 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 12, 2014 08:44

Во најновиот Индекс на слободата на печатот на организацијата Репортери без граници што опфаќа 180 држави, Македонија се наоѓа на 123-тото место. Ова претставува пад од шест места во споредба со претходниот годишен извештај. Од регионот, Македонија Црна Гора и Турција спаѓаат во категоријата земји што се „во тешка состојба“, додека останатите се едно скалило погоре, во категоријата „со забележливи проблеми“. Од непосредните соседи, Србија е 54-та (бележи напредок од 10 места), Косово – 80-то (напредок од 6 места), Албанија 85-та (напредок од 18 места), Грција 99-та (пад од 14 места), а Бугарија 100-та (пад од 12 места). , јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Во делот за Македонија стои дека иако земјата се зафатила со реформи што треба да ја стават на патот на Европската унија, „фасадата на демократија во изминатите неколку години не може да ги сокрие бројните прекршувања на слободата на инфомации“.

Репортери без граници наведува дека случајот со новинарот Томислав Кежаровски стана симбол на ваквите прекршувања и дека откако беше осуден на четири и пол години затвор за откривање на име на заштитен сведок во судски случај за убиство, затворската казна беше преиначена во куќен притвор како резултат на меѓународен притисок. Но, наредниот ден откако се случи тоа, стои понатаму во извештајот, „друг македонски новинар, Зоран Божиновски, беше уапсен во Србија по потерница од Интерпол за шпионажа. Познат како „македонскиот Џулијан Асанж“, Божиновски е автор на голем дел истражувачки стории за Сашо Мијалков, директорот на македонското разузнавање и роднина на премиерот Никола Груевски“.

Глобално, на листата оваа година, како и минатата, водат Финска, Холандија и Норвешка, а на дното се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. САД бележат пад од 13 места и се 46-ти на листата, а извештајот меѓу причините ги наведува пресудата за Бредли Менинг и гонењето на Едвард Сноуден.

Индексот на слободата на печатот на Репортери без граници се подготвува според шест генерални критериуми: плурализмот, независноста на медиумите, медиумската средина и автоцензурата, правната рамка, транспарентноста и медиумската инфраструктура.

Извор: Гласот на Америка на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.