Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Службен весник објавена листата на повлечените аболиции

0
By Нова ТВ on May 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот Службен весник ја објави официјалната листа на лица на кои претседателот Иванов им ја повлече аболицијата.

На списокот на лицата за кои аболицијата е повлечена се наоѓаат лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев,  поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, екс дирекорот на УБК Сашо Мијалков и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Тука се и имињата на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ,  директорот на затворот Идризово Живко Пејковски, високиот функционер во МВР Тони Јакимовски, членот на општинската изборна комисија во Чаир Исмет Гури, екс разузнавачот Зоран Верушевски и Бранко Палифров, обвинети во случајот Пуч.

СЈО го отвори и случајот ТНТ во кој обвинет е Тони Трајковски за уривањето на објектот Космос на Фиат Цаноски.

Според зборовите на Иванов останатите 33 лица можат да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Лицата кои можат да побараат повлекување на аболицијата се началниците од УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски и архиварката Валентина Симоновска. Тие се осомничени за уништување на опремата за прислушување од случајот Тврдина.

Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, претседателот на општинската изборна комисија во Центар Коста Митровски и шестмината полицајци обвинети тортура при апсењето на Љубе Бошкоски се на листата на лица кои можат да побараат повлекување на аболицијата. Темелко и Митровски се товарат за изборни измами.

аболиција Иванов Службен весник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.