Ана Лалиќ, новинарка од Нови Сад и член на Одбор на директори на Независното здружение на новинари на Војводина е приведена и одреден и е притовр во траење од 48 часа.
Причината за нејзиното приведување е тесктот објавен на Нова.рс, во која новинарката критички пишуваше за состојбата во Клиничкиот центар во Војводина. Во нејзината објава се наведува дека медицинскиот персонал има проблем со хроничен недостаток на основна заштитна опрема и работи во целосно хаотични услови за време на епидемијата.
Клиничкиот центар ги отфрли обвинувањата изнесени во тесктот и соопшти дека за тоа е известено обвинителството. Од порталот Нова.рс пак велат дека се обратиле до надлежните во Клиничкиот центар за да добијат одговор на нивните прашања но дека нивните настојувања да стапат во контакт со надлежните биле неуспешни.
Во одлуката за нејзино притворање се вели дека постои сомнеж да го повтори кривичното дело објавување текстови кои „предизвикуваат паника .




