Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада

0
By Marija Todorovska on March 31, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Србија денеска треба да почнат консултации за формирање нова влада при што покана е испратена до сите парламентарни партии.
Најавата за денешен почеток на такви разговори ја даде српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот – дека „од понеделник почнуваат консултации за кандидати за новата влада“. До пладнево, нема изјава ниту потег што ќе означи почеток на таков процес.

„В понеделник почнувам со консултации за составот на новата влада, ќе видиме што ќе кажат оние кои имаат мнозинство – дали сакаат да формираат влада или сакаат да одат на избори“, рече Вучиќ.

Опозицијата во Парламентот нагласува дека единствената опција што ќе ја прифатат е преодна влада со доверба на народот, додека најавените консултации ги оценуваат како исмејување на демократските процедури, објавија српски медиуми.

Засега само Социјалистичката партија на Србија јавно потврди дека коалицијата собрана околу таа партија ќе оди на консултации со Вучиќ. Портпаролот на СПС, Угљеша Марковиќ, рече дека претседателството на СПС едногласно донело одлука за продолжување на соработката со СНС и со Вучиќ.

Парламентарната опозиција пред речиси две недели изнесе предлог за „влада од доверба на народот“, и според нив – поканата за консултации не стигнала до одделни партии, туку само до лидерите на листите од декемвриските избори.

Претседателот на партијата Србија Центар (Срце) и пратеник Здравко Понош за Данас посочува дека намерата на Вучиќ да ја смени владата на Вучевиќ со нешто слично ја покажува неговата неодговорност и неподготвеност да овозможи земјата да излезе од длабока криза.

„Ребрендирањето во форма на нова влада на СНС/СПС или ново движење кое е ново пакување за старата коалиција е осудено на неуспех“, тврди соговорникот на Данас, додавајќи дека се што ќе објави и прави Вучиќ ја покажува неговата намера да оди кон радикализација и предизвикување конфликт.

Потпретседателот на Нова демократска партија на Србија, Дејан Шулкиќ, тврди дека делегација на српската коалиција НАДА нема да одговори на поканата за консултации. Слично мислење има и пратеникот и претседател на Движењето на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, кој вели дека за неговата партија е неприфатлива покана во која нема дискусија за преодна влада.

Влада избори консултации Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.