Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 45,3 проценти од возрасната популација во Србија досега е вакцинирана против Ковид-19, но таа цифра не е доволна за колективен имунитет. Таа ги повика младите што побрзо да се вакцинираат.
„Со приемот на контингентот кинески вакцини, што пристигна утрово на аеродромот ‘Никола Тесла’, пристигнаа сите вакцини договорени со Синофарм – четири милиони, во согласност со договорот“, изјави Брнабиќ која даодаде дека кинеските партнери направиле многу повеќе од договореното.
„Во моментов имаме дополнителни вакцини во Србија, сега со овој контингент од 250.000, за приближно уште 500.000-600.000 луѓе. Значи, во овој момент, за да не примиме друга дополнителна вакцина, имаме вакцина за вакцинирање 3.115.000 луѓе“, рече Брнабиќ.