На 01.12.2021 во 09.50 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.Л. (67) од Стар Дојран пријавил дека во близина на неговата куќа пронашол граната, која била безбедно подигната од инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица. Притоа било утврдено дека се работи за неексплодирана граната која потекнува од Прва светска војна со калибар 105 мм.