Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тек е рочиште за случајот „Софтвери“: Обвинителството презентира докази од телефоните на Рашковски

0
By Соња Крамарска on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Ивана Трајчева повеќе од еден час изведува материјални докази во случајот „Софтвери“ во кој  е обвинет поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Трајчева презентира СМС пораки кои Рашковски ги разменувал со другите инволвирани во овој судски предмет, а кои се добиени од вештачењето на нивните телефони.

Засега, додека Трајчева ги изведува доказите, нема реакција од одбраната, но Рашковски за овие пораки и за обвинителниот акт на претходните рочишта изјави дека „обвинителството прави филм каков што ни Холивуд не може да режира“.

„Не може обвинителството да кажува и да импутира дека тоа се пораки, за кои што и самиот производител вели дека не може да утврди за каков тип на податок станува збор. Од тоа што јас можам да го кажам е дека ќе имаме едно навистина интересно судење во македонското правосудство, особено во делот на компјутерската форензика“, изјави Рашковски на претходните рочишта.

Рашковски е обвинет дека помогнат од двајца надворешни соработници, спровел незаконски јавни набавки. Според обвинителството Рашковски не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на специјални камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Обвинети се шестмина, освен поради незаконски набавки, тие се сомничат и за перење пари. Судењето ќе продолжиу по получасовна пауза. (С.М.)

 

случај „Софтвери“ судење Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.