Published: Wednesday, September 11, 2013 13:43
Медијаторот на ОН Метју Нимиц претпладнето во македонското МНР се сретна со шефот на дипломатијата Никола Попоски.
По едночасовните разговори, Нимиц не даде изјава за медиумите и замина на средба во Владата со премиерот Никола Груевски, која е во тек.
По вчерашната средба на претседателот Иванов со Нимиц, шефот на државата констаираше дека грчката страна треба да покаже добра волја со цел создавање на позитивна атмосфера, за придвижување на процесот и надминување на разликата околу името. Подготвени сме за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот изјави претседателот Иванов.




