Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Велешко драстично намален криволовот, се намалува и бројот на спортски риболовци

0
By Marija Todorovska on January 16, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2024 15:52

Криволов на велешкиот риболовен ревир „Вардар 4“ и езеро „Младост“ има, но тој во последниве пет-шест години е драстично намален, па и десетпати помалку. Лани се фатени 20 мрежи во криволов, но не и нивните сопственици, па нема кривични пријави. Последните години риболовците се одлично екипирани со мобилни телефони и на време се предупредуваат меѓу себе кога доаѓа рибочуварската служба, информираат од ЗСР „Бабуна“ од Велес.

Тие потенцираат дека последниве години рибокрадци се главно повозрасни лица. Во риболовен ревир „Вардар 4“ освен река Вардар, влегуваат и реката Отовица, реката Тополка и Бабуна по целото течение, како и делови од Црна Река и Брегалница.

Ангел Тодоров, потпретседател на ЗСР „Бабуна“ посочува дека последниве две години во опаѓање е и бројот на членови спортски риболовци. За пример за риболовен ревир „Вардар 4“ лани годишна дозвола извадиле 529 спортски риболовци, што е помалку за 122 спредено со 2022 година, кога биле 651 член. За езеро „Младост“ лани дозвола извадиле 138 спортски риболовци, што е за 66 помалку споредено со преходната 2022 година, кога биле 204.

Драстично е намалувањањето споредено со 2021 година кога на риболовнот ревир Вардар дозвола извадиле дури 884 спортски риболовци, а за езеро „Младост“ биле 226. Пред 15-тина години ЗСР „Бабуна“ имаше и по 1.500 членови.

Тодоров појасни дека причина на намалувањето на бројот на спортски риболовци е таа што голем дел од повозрасните членови во изминатите години починале, а младите или заминале во странство, а тие што останале не пројавиле интерес за спортски риболов. Една од главните причини е таа што варира вододстојот на реката Вардар поради запирање и испуст на вода од акумулацијата Козјак.

– Превисокото ниво на водата на реката Вардар не дозволува рибарење, а со што се намалени и деновите за рибарење во текот на годината, изјави Тодоров.

Тој потсети дека во декември лани согласно добиената концесија го извршиле редовното порибување на својот ревир со 580 килограми подмладок. Поточно 500 килограми крап, од кои 200 килограми на Вардар и 300 килограми на езеро „Младост“ . Од вкупно 80 килограми пастрмка, 50 килограми биле за реката Бабуна и 30 килограми на реката Тополка.

Од ЗСР „Бабуна“ најавуваат дека и годинава ќе ја изврши редовната еколошка акција за чистење од секаков вид на смет на реката Вардар. Во акцијата планира да ги вклучи и учениците, односно ќе работи на нивна едукација за грижа на рибниот фонд во реките и езерата и за заштита на водите и животната средина. ЗСР „Бабуна“ планира здружението да го збогати со најмлади членови спортски риболовци- подмладок, кои потоа би ја сочинувале и екипата на ЗСР „Бабуна“ за домашни и меѓунаридни натпревари.

ЗСР „Бабуна“ е едно од трите најстари во земјава формирано пред 72 години во далечната 1952 година. Во сите години досега е на врвот на најдобрите и најтрофејните во земјава и е добитник на бројни домашни и меѓународни пехари, медали и признанија. ЗСР „Бабуна“ во изминатите години први реагираа за загадување на водите, како и чести помори на рибите во реките Вардар, Тополка и Бабуна од страна на фирми загадувачи од Велес и Велешко. Тие први алармираа за бројни инциденти по реката и рибите до Државниот инспекторат за земјоделство и Македонската риболовна федерација.

Езеро Младост ЗСР Бабуна рибилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.